Уапсени 9 лица во антитерористичката акција „Ќелија“
Антитерористичката акција под кодно име „Ќелија“ се подготвувала уште од септември 2014-та година. На листата на оние што треба да се приведат се уште 27 македонски државјани кои војуваат за Исламска држава на Блискиот Исток.

Македонските безбедносни сили се справуваат со припадници на Исламска држава во земјава. Во опсежната антитерористичка акција на Министерството за внатрешни работи се приведени 9 лица кои регрутирале македонски државјани за воените дејствија на џихадистите во Сирија.
Антитерористичката акција под кодно име „Ќелија“ се подготвувала уште од септември 2014-та година. На листата на оние што треба да се приведат се уште 27 македонски државјани кои војуваат за Исламска држава на Блискиот Исток.
„Утринава во 03.30 часот отпочна антитерористичката акција на терен. По добиените наредби од Судија на претходна постапка, извршени се вкупно 28 претреси од кои 21 претреси на дом и други простории во Скопје, 4 во Гостивар и по еден во Тетово, Куманово и Струга, кај вкупно 24 физички лица и 4 објекти. Меѓу четирите објекти беше „Фастнет“ - интернет кафе во Скопје, придружните објекти на Тутунсуз џамија, како и просториите на невладините организации „Искра на милоста“ и „Исламска младина-Сарај“. За време на акцијата 9 лица се обезбедени, а по уште 27 кои се опфатени со истрагата се трага. Според оперативните сознанија со кои располага министерството, 20-тина сеуште се наоѓаат на боиштата главно во Сирија“, соопшти на прес- конференција, министерот за внатрешни Митко Чавков.
Против 36 лица на возраст од 19 до 49 години е поднесена кривична пријава за учество во странски војски, паравоени и параполициски формации.
Приведен е и Реџеп Мемиши-самонаречениот имам на Тутунсуз џамијата во Скопје којашто извесно време веќе не е под надлежност на Исламксата верска заедница.
