Продолжен притворот за сообраќајката кај ТЦ Зебра

06.08.2015 15:19

Во него возачот кој беше под дејство на дрога и алкохол е обвинет за тешки дела против имотот и безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот...

Доставен обвинителниот акт за сообраќајнката несреќа на 7-ми јули кај трговскиот центар Зебра, во која животот го загуби новинарката на Македонското радио, Сузана Тодоровска Павловска.

Во него возачот кој беше под дејство на дрога и алкохол е обвинет за тешки дела против имотот и безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.

Кривичниот совет ја продолжи мерката притвор за обвинетиот за 30 дена, поради опасноста од бегство.