Невреме во Скопје
06.08.2015 15:33
Во одредени делови заврна и град. Невремето не предизвика поголем метеж во сообраќајот...

Пороен дожд, ветер и грмежи пред помалку од половина час зафатија делови од главниот град Скопје.
Во одредени делови заврна и град. Невремето не предизвика поголем метеж во сообраќајот.
Управата за хидрометеоролошки работи најави нестабилна облачност попладнево, особено во западните и северните делови од Македонија, но и во планинските региони.
