Во Тетовско водата да се преврива пред пиење, постои ризик од зарази

06.08.2015 16:50

Здравствените власти будно ја следат состојбата во поплавените региони. Се апелира до жителите од најпогодените места, Мала и Голема Речица и Шипковица, да не ја користат водата за пиење без претходно превривање. Се уште постојат ризици од појава на заразни забалувања...

Водата во тетовската градска мрежа е безбедна за пиење. Со поголемо количество хлор се одржува нејзината исправност. Надлежните смируваат, тетовци  можат да бидат спокојни, секојдневно се следи состојбата.

Во Шипковица две третини од селото нема вода. Нема вода ниту во Голема Речица, како и во останите кои беа зафатени од невремето. Цистерните се едниствениот спас. Епидемиолозите апелираат до жителите од руралните средини во тетовскиот регион водата задолжително да се преврива.

Тимови од Центрот за јавно здравје се на терен. Го едуцираат населението како да го сочуваат здравјето. Според нив, епидемиолошката состојба е многу лоша и постои ризик од појава на заразни заболувања.

Од Центарот за јавно здравје велат дека дизинфекцијата ќе почнепо расчистувањето на теренот. Според сегашните проценки тоа би било од понеделник.

Наташа Јанчиќ