Ослободена Французинката која беше киднапирана во Јемен
07.08.2015 10:49
Денеска истекува и рокот од 48 часа за хрватот Томислав Салопек, киднапиран кај Каиро...

Ослободена е Фанцузинката Изабел Прим, која во февруари ја грабнаа вооружени киднапери во главниот град на Јемен, Сана. Работела како консултант на проект финансиран од Светска Банка, а беше киднапиран и нејзиниот локален преведувач, кој беше осолободен во март.
Денеска истекува и рокот од 48 часа за хрватот Томислав Салопек, киднапиран кај Каиро, на кого Исламска Држава му се заканува со обезглавување ако египетските власти не ослободат од затвор неколку муслиманки.
Во Египет пристигнаа хрватската министерка за надворешни Пусиќ и сопругата на Салопек да издејствуваат негово ослободување, но надежта за тоа е минимална.
