Мигрант од Судан уапсен на крајот од Евротунелот

07.08.2015 10:52

Совладал четири огради и избегнал 400 камери, а забележан е на околу 25-тиот километар кога активирал аларм...

Мигрант од Судан е уапсен на крајот од тунелот под Ла Манш. 40-годишниот Абдул Харун бил запрен од полицијата во англискиот град Кент откако ги избегнал сите безбедносни пречки и пеш го поминал железничкиот Евротунел долг 50,5 километри.

Совладал четири огради и избегнал 400 камери, а забележан е на околу 25-тиот километар кога активирал аларм. Според надлежните на тунелот, ваквите нелегални упади се ретки и исклучително опасни.

Мигрантите обично се кријат во товарните вагони, но поради големата брзина на возовите од околу 160 километри на час не се осмелуваат да трчаат низ тунелот.