Северна Кореја ќе воспостави сопствена временска зона

07.08.2015 11:21

Новата временска зона ќе стапи во сила в недела, на 70-годишнината од ослободувањето на Кореја од јапонското владеење и крајот на Втората Светска војна...

Северна Кореја од наредната недела ќе воспостави сопствена временска зона, 30 минути зад сегашното стандардно време. Пјонгјанг реши да се повлече од јапонското време за да го искорени споменот на јапонската окупација уште од кога Корејскиот Полуостров беше обединет од 1910 до 1945.

Новата временска зона ќе стапи во сила в недела, на 70-годишнината од ослободувањето на Кореја од јапонското владеење и крајот на Втората Светска војна.

Јужна Кореја ја користи истата временска зона како Јапонија бидејќи е попрактична и одговара на меѓународната пракса.