Утре во прекин сообраќајот кај превојот Пресека - Врбјани

07.08.2015 11:43

Kај планинскиот превој Пресека - село Врбјани утре, од 14 до 16 часот, сообраќајот ќе биде во прекин...

Сообраќајот на патниот правец А2 Охрид – Кичево, кај планинскиот превој Пресека - село Врбјани утре, од 14 до 16 часот, ќе биде во прекин.

Како што соопшти АМСМ, причина за прекинот е изведувањето градежни работи.