Македонија и Бугарија добија 17 милиони евра од ЕУ фондовите за прекугранична соработка
07.08.2015 12:03
Парите се наменети за справување со климатските промени, одржлив туризам, конкурентност на компаниите...

17 милиони евра од европските фондови добија Македонија и Бугарија за прекугранична соработка. Парите се наменети за справување со климатските промени, одржлив туризам, конкурентност на компаниите.
Според Корина Крету, комесар за регионални политики, реализацијата на проекти зависи од силната волја на земјите заедно да ги искористат ресурсите, и преку соработка да ја зголемат атрактивноста за привлекување туристи и инвеститори.
