Не стивнува бранот мигранти, издадени уште 1.064 потврди

07.08.2015 12:20

Според државјанството најбројни се Сиријците- 967, 40 се Пакистанци, 33 се од Ирак, а 19-мина се Авганистанци...

Не се намалува бранот мигранти. МВР соопшти дека во последниве 24 часа биле издадени потврди на вкупно 1.064 странски државјани, од кои, 672 мажи, 177 жени. 189 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, а биле регистрирани и уште 26 деца, кои патуваат без родител.

Според државјанството најбројни се Сиријците- 967, 40 се Пакистанци, 33 се од Ирак, а 19-мина се Авганистанци.

Во периодот од 19-ти јуни до денеска биле издадени потврди на вкупно 28 илјади 297 странски државјани.

Мобилните тимови на црвен крст лоцирани на граничните премини им укажале прва помош на 112 мигранти, а само вчера биле поделени 816 шишиња вода, 216 пакети со храна и со прва помош, како и 88 хигиенски пакети.