45 милиони евра за прекугранична соработка меѓу Македонија и Грција

07.08.2015 12:56

Ќе се финансираат проекти за отворање нови работни места, јавниот транспорт, здравствена заштита, природната средина, како и за промоција на туризмот...

Европската комисија ја усвои програмата од 45 милиони евра за прекуграничната соработка меѓу Македонија и Грција. Средствата се наменети за пет региони во Грција и четири во Македонија.

Ќе се финансираат проекти за отворање нови работни места, јавниот транспорт, здравствена заштита, природната средина, како и за промоција на туризмот во регионите Лерин, Пела, Кукуш, Серес, Солун, Повардарието, Пелагонија, Југоисточниот и Југозападниот регион.

Европската унија во програмата меѓу Македонија и Грција ќе учествува со 39,5 милиони евра,  што е дел од европскиот буџет од речиси половина милијарда евра наменет за 12 прекугранични проекти на Унијата во периодот до 2020-та година.