Русија масовно ја уништува храната незаконски увезена од Запад
07.08.2015 13:37
Ова предизвика гнев во земјата, но и во самиот Кремљ и меѓу свештенството, бидејќи храната можела да им биде поделена на сиромашните...

Русија го почна уништувањето на стотици тони странски прехранбени производи од западните земји, увезени спротивно на санкциите против Европската унија и САД.
Ова предизвика гнев во земјата, но и во самиот Кремљ и меѓу свештенството, бидејќи храната можела да им биде поделена на сиромашните.
Властите сепак инсистираат да ги уништат илегално увезените производи што ги сметаат за „безбедносна закана“.
