Велков: Во Сирија војува Балкански баталјон со околу 1.000 борци

07.08.2015 14:09

Велков за софиската телевизија БТВ рекол дека акцијата на Македонија против ИСИС покажува дека оваа организација одамна преминала и во нашиот регион...

На територијата на Сирија војува и таканаречениот Балкански баталјон кој има околу 1.000 борци, тврди бугарскиот експерт за безбедност, Славчо Велков.

Повикувајќи се на Бугарските служби за разузнавање, тој вели дека во составот на овој баталјон нема Бугари и предупредува дека не треба да се создава илузијата дека Бугарија е „ветена земја“, заштитена од терористички напади.

Велков за софиската телевизија БТВ рекол дека акцијата на Македонија против ИСИС покажува дека оваа организација одамна преминала и во нашиот регион, каде е сега активна, и има пристап до цела Европа, вклучувајќи го и Балканот.

Според Велков, на Западниот Балкан идејата за „Исламска држава“ добива подобар прием можеби поради тоа што нема постојан мир низ годините и постојат поцврсти заедници во кои има многу луѓе кои ги прифаќаат радикалните ставови.