Шипковица: Карпа тешка неколку тони се заканува да направи поголема штета

07.08.2015 14:36

Тешка машинерија и денеска го расчистуваше патот во селото. Пет дена по несреќата, исчезнатото девојче се уште не е пронајдено...

Огромна карпа тешка неколку тони се заканува да се одрони и да направи уште поголема штета во тетовска Шипковица. Војската на терен прави стратегија како се да се отстрани.

Тешка машинерија и денеска го расчистуваше патот во селото. Пет дена по несреќата, исчезнатото девојче се уште не е пронајдено.

Откако кучињата трагачи не го најдоа девојчето, истражителите забранија пристап до локацијата за да се исчисти земјата од мириси.

Во следните денови во потрагата се вклучуваат и полициските кучиња.

 

Анита Димитријевска