Динамо на Адеми против Скендербег
Извлекувањето за плеј - оф двојките во Лигата на шампионите во таканаречената лигашка рута ги спои Лацио - Баер Леверкузен, Манчестер јунајтед - Бриж, Спортинг - ЦСКА Москва и Рапид Виена - Шахтјор...

Веќе неколку сезони, прваците на послаборангираните национални првенства добиваат можност низ меѓусебни дуели да се пласираат во фазата по групи во Лигата на шампионите. Затоа пак, екипите од квалитетниете европски шампионати мора да се соочат еден против друг за да бидат дел од елитата. Поразените ќе ја продолжат евроската сезона, но во УЕФА Европа лигата.
Извлекувањето за плеј - оф двојките во Лигата на шампионите во таканаречената лигашка рута ги спои Лацио - Баер Леверкузен, Манчестер јунајтед - Бриж, Спортинг - ЦСКА Москва и Рапид Виена - Шахтјор.
Во конкуренцијата којашто го носи предзнакот шампионска, Динамо Загреб на нашиот репрезентативбец Адеми ќе игра со Скендербег. Во другите мечеви ќе се сретнат Астана - АПОЕЛ, Селтик – Малме, Базел - Макаби Тел Авив и БАТЕ Борисов – Партизан.
Првите натпревари ќе се одиграат на 18-ти и на 19-ти, реваншите на 25-ти и на 26-ти август.
