Работнички против Рубин Казан
Во првиот натпревар Работнички ќе биде домаќин...

Ова е време за фудбалска романтика, нов предизвик за Работнички во плеј - офот во УЕФА Европа лигата ќе биде Рубин Казан. Во првиот натпревар Работнички ќе биде домаќин.
Откако ги елиминираше Флора, Јелгава и Трабзон, освојувачот на македонскиот куп Работнички четвртипат ќе игра во последниот филтер пред натпреварувањето во групи во Европа лигата. Претходно дебармалции не ги минаа Лил, Болтон и Лацио, но како и во дуелот со Ливерпул беа најзаслужни за европско фудбалско уживање.
Петопласираниот во руското првенсво, Рубин којшто беше подобар од Штурм, има два настапа во фазата по групи во Лигата на шампионите, три во Европа лигата во којашто пред две години стигна најдалеку, до четвртфиналето кадешто испадна од Челзи.
Домашните фудбалери предводени од екс репрезентативецот Биљалетдинов се основата на Рубин, од странците се издвојуваат Бразилецот Карлос Едуардо, Турчинот Карадениз и Украинецот Девиќ.
Покрај Работнички - Рубин Казан на 20-ти и на 27-ми август ќе играт иуште и:
Алтах - Беленензес
Стеауа - Розенборг
Плзен - Војводина
Јаблонец - Ајакс
Молде - Стандард Л.
Жилина - Атлетик Б.
Зорја - Легија
Милсами - Сент Етјен
Јанг Бојс - Карабах
ПАОК - Брондби
Бордо - Каират
Динамо Минск - Салцбург
Либерец - Хајдук
Панатинаикос - Кабала
Астра - АЗ Алкмар
Кубан Краснодар - Хелсинки
Лех - Видеотон
Атромитос - Фенербахче
Саутемптон - Митјуланд
Од Гренланд - Борусија Д.
Тун - Спарта П.
