ФЗОМ: Неограничен буџет за лекување во странство
Првиот човек на ФЗОМ, Стефаносвки објаснува дека за лекување во странство одлучува комисија составена од професори, а се повикуваат и лекарите кои го лекуваат пациентот во земјава...

Годинава 81 пациент добил позитивно решение од ФЗОМ за лекување во странство. За интервенциите и болничките трошоци од касата на фондот се исплатени 224 милиони денари. Првиот човек на Фондот, вели дека буџетот за оваа намена е неограничен и дека во странство се праќаат сите оние кои неможат да бидат лекувани во земјава.
„За нас цената на интервенцијата воопшто не е важна. Можеме да потрошиме онолку колку што е потребно за нашите пацинети, доколку стручните лица, професорите во комисиите ја утврдат потребата за лекување во странство“, изјави Сашо Стефаноски, директор на Фонд за здравствено осигурување на Македонија.
Стефаносвки објаснува дека за лекување во странство одлучува комисија составена од професори, а се повикуваат и лекарите кои го лекуваат пациентот во земјава. Комисијата еднаш неделно ги разгледува барањата, но доколку станува збор за итен случај, односно кога пациентот е во живото загрозувачка состојба барањето мора да се реши за два дена. Од пред две години променет е начинот на плаќање за лекување во странство.
„Од еден модел кој се користеше порано, пацинетот да плати 20 проценти од цената на чинење на лекувањето, на иницијатива на Влада тоа се промени. Сега пацинетот плаќа само 12.000 денари без оглед колку чини интервенцијата“, изјави Стефановски.
Според Стефановски, ова е од голема важност за пациентите и за нивното лекување, бидејќи некои интрвенции чинат и по 300.000 евра.
Наташа Јанчиќ
