Брисел го поздрави договорот за Изборниот законик
Според портпаролот Стано, Еврокомисијата е информирана за одржаните разговори меѓу политичките партии во Македонија и постигнатиот договор.
- Овие амандмани сега ќе се дискутираат во Парламентот и, како што знаете, изборните реформи беа важен дел и од Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД) со Македонија, но и важен елемент од политичкиот договор од 1 март лани , изјавил Стано.

-Постигнатиот договор, од страна на работните групи меѓу политичките партии, треба да биде дискутиран и усвоен во Парламентот. Но тој беше еден од елементите што беа важни во рамките на Пристапниот дијалог, а комесарот беше јасен минатата недела кога кажа дека ХЛАД ќе продолжи како важен инструмент на ЕК за поддршка на реформскиот процес во земјата, потенцирал портпаролот Стано.