Женски сегмент на турнирот „Вардар“

Лајпциг за реприза на ланската Лига на шампионките

29.08.2015 17:28

Во првиот натпревар од 20 часот со пренос на Собраниски, македонските првенки ќе играат со Лајпциг. Германскиот тим е познаник на црвено-црните од мината сезона, кога во групите од Лигата на шампионките...

Инаугуралното издание на турнирот „Вардар“ има и женска димензија. Од денска до први септември, во знак на одбележување на првиот роденден на арената „Јане Сандански“ но новото руво, ракометарките на Вардар ќе ја тестираат формата во силна конкуренција. Во првиот натпревар од 20 часот со пренос на Собраниски, македонските првенки ќе играат со Лајпциг. Германскиот тим е познаник на црвено-црните од мината сезона, кога во групите од Лигата на шампионките, секој ја искористи предноста на домашниот терен. Денешната пресметка нема да има таква тежина, но ќе биде добра можност да се крене нивото во пресрет на новата сезона. 

Вардарки лани завршија трети во елитната европска конкуренција, па и во претстојната сезона имаат амбиции не само да настапат на завршниот турнир, туку и да го направат чекорот којшто им побегна минатите две години – да обезбедат финале. Затоа турнирот „Вардар“ е добредојден, особено што и другите два меча ќе бидат квалитетна контрола. Покрај со Лајпциг, Вардар утре ќе се сретне со Подравка, а потоа во вторник ќе разигрува за пласман со ривал од другата група на турнирот. Во неа се Будуќност, Ростов и Савехов.