Расте откупот и продажбата на земјодеслки производи

31.08.2015 10:12

Во април, мај и јуни земјоделските производи се откупувале и продавале повеќе од лани. Најмногу се тргувало со житата, градинарските и фуражните култури.

Откупот и продажбата на земјоделски производи во вториот квартал од годинава биле поголеми за 3,7 проценти од лани.

Трговците од индивидуалните производители купиле повеќе за 26 отсто, а продажбата од сопствено производство на фармерите била помала за 17 проценти.

Зголемување најмногу имало кај житата, градинарските и фуражните растенија, овошјето и рибата.

Помала побарувачка и намалување има кај индустриските култури, алкохолот, добитокот, млекото и млечните производи.

 

Методија Трајков