Две лица загинаа во сообраќајка кај Плетвар
Поради силината на ударот, интервенирала и противпожарната единица за да ги исече возилата и да ги извлече загинатите и повредените. Поради увидот на истражните органи, патот беше затворен во двете насоки...

Две лица загинаа, а едно е потешко повредено во стравотна сообраќајна несреќа меѓу три возила, што се случи синоќа на преминот Плетвар. Поради силината на ударот, интервенирала и противпожарната единица за да ги исече возилата и да ги извлече загинатите и повредените. Поради увидот на истражните органи, патот беше затворен во двете насоки.
Според официјални информации од Министерството за внатрешни работи, во сообраќајната несреќа учествувале три возила, автомобил „шаран“ со скопски регистерски ознаки, комбе „пежо експерт“ со бугарски регистерски ознаки и камион „МАН“ со битолски регистерски ознаки.
Тригодишното девојче кое било сопатничка во автомобилот „шаран“ и возачот на комбето, дваесет и тригодишниот Горан Ц. од Прилеп загинале на лице место, а уште една жена, за која се уште нема информации колку години има и во кое возило се наоѓала, е повредена и пренесена во прилепската болница
