Портрет на венцоносецот Беи Дао во ДПМ

31.08.2015 10:34

Синоќа во Струга беше затворена најголемата светска поетска манифестација...

Добитникот на наградата „Златен Венец“ на годинашните Струшки вечери на поезијата, кинескиот поет Беи Дао, денеска ќе гостува во Друштвото на писателите на Македонија. Ова ќе биде можност, љубителите на литературата во Скопје да  го проследат портретот на Беи Дао, еден од најголемите современи поети во светот.

Синоќа во Струга беше затворена најголемата светска поетска манифестација. Годинава на фестивалот, што го слави убавиот пишан збор, учествуваа 44 поети од 29 земји.