Србија укинува 30.000 работни места во јавниот сектор

31.08.2015 10:48

Локалните управи ширум Србија ќе добијат од министерството квоти со максимален број вработени кои можат да ги имаат, а за отпремнини во буџетот се обезбедени околу 42 милиони евра...

До крајот на годинава Србија во јавните служби ќе има околу 30 илјади работни места помалку. Отказите се резултат на двогодишната рационализација, со која е во сила забрана за вработување.

Локалните управи ширум Србија ќе добијат од министерството квоти со максимален број вработени кои можат да ги имаат, а за отпремнини во буџетот се обезбедени околу 42 милиони евра.

Рационализацијата во јавните служби ќе се почне кон средината на септември, а после првиот круг ќе се анализара во кои сектори недостасуваат кадри.