Кина: Приведени 197 лица поради ширење гласини за неодамнешниот пад на берзата

31.08.2015 10:58

Едната гласина била дека маж извршил самоубиство во Пекинг поради пад на берзата, а другата дека дури 1.300 луѓе загинале во Тијанцин...

Во Кина се приведени 197 лица поради ширење гласини преку интернет за неодамнешниот пад на индексот на главните кинески берзи и за експлозијата во Тијанцин. Меѓу нив има новинар и претставници на берзата.

Едната гласина била дека маж извршил самоубиство во Пекинг поради пад на берзата, а другата дека дури 1.300 луѓе загинале во Тијанцин.

Според кинескиот закон, им следува тригодишна казна за секоја гласина на интернет што е споделена 500 или прегледана 5.000 пати.