Екстерно тестирање

16.01.2014 15:58

Учениците најмногу забелешки имале во разбирањето, одговорите или во преводот на прашањата за екстерното тестирање.  На адреса на Министерството за образование стигнале 720 коментари. Прифатени се и коригирани 151, и заедно со преостанатите се објавуваат денеска на веб-страницата на Министерството за образование. Малиот број забелешки покажува дека се внимава и  на најмалиот детаљ, тврди ресорниот министер.

Ристовски очекува екстерното да мине без проблеми, затоа што прашањата беа објавени еден месец пред тестирањето. Смета дека на тој начин ќе нема простор за пропусти како порано.

В недела ќе бидат објавени предметите што ќе ги полагаат учениците од завршните години. Преку тестовите за 20 000 ученици, ќе се оценуваат 2900 наставници. Ќе се полага на 22 и на 24 месецов.  Проектот почна во минатата година. Кои наставници имале најмали или  најголеми  отстапувања во оценките, ќе се знае до крајот на неделава кога ќе биде објавена листата од  првото тестирање. Предвидени се  казни   и награди.

Снимател :Зоран Капетановски

Новинар : Викторија Тородорвоска