Неизвесна трка на грчките избори

31.08.2015 11:38

Ниедна партија нема да освои апсолутно мнозинство и парламентарниот состав ќе биде пораситнет од претходниот...

Резултатите од неколку анкети објавени викендот, три недели пред предвремените избори во Грција, укажуваат на неизвесна трка. Ниедна партија нема да освои апсолутно мнозинство и парламентарниот состав ќе биде пораситнет од претходниот.

Левичарската Сириза води пред конзервативната Нова демократија со 3,1 проценти, иако пред распадот имаше двоцифрена предност.

Ципрас исклучи соработка со другите партии од „застарениот политички систем“, освен можеби со независната Анел, со која коалицираше во претходната влада.