Издадени потврди на нови 1.217 мигранти
Најголем дел од нив, 883 се државјани на Сирија, 180 се од Авганистан, 86 од Ирак, а другите се во помал број.

Во изминатото деноноќие издадени се потврди на 1.217 странски државјани, од кои 856 се од машки пол, 144 од женски, а 173 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 44 деца кои патуваат без родител. Ним им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, соопшти МВР.
Најголем дел од нив, 883 се државјани на Сирија, 180 се од Авганистан, 86 од Ирак, а другите се во помал број.
Од 19 јуни годинава до денеска во 8:00 часот издадени се потврди на 52.757 странски државјани, од кои, 36.417 се од машки пол, 7.224 од женски, 8.174 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 942 деца кои патуваат без родител.
Меѓу нив најбројни се државјаните на Сирија-42.723, потоа следат Авганистан-2.775, Ирак-2.477, Пакистан-1.616, Палестина-694, Сомалија-564, Бангладеж-357, Конго-310, Нигерија-188, Камерун-158 Еритреја-142, Етиопија-109, додека останатите се во помал број.
