Почна судењето за сообраќајката кај ТЦ Зебра

31.08.2015 12:21

Во исказот обвинетиот во целост ја признал вината и изјавил дека се кае за стореното дело. Чувствувал огромен товар и се наоѓал во состојба на тешко психичко растројство, затоа што со сообраќајката си ги уништил сите животни планови...

Почна судењето на Бојан Блажевски обвинет за сообраќајката кај Трговскиот центар  Зебра, во која настада новинарката на Македонското радио Сузана Тодоровска –Павловска.

Во исказот обвинетиот во целост ја признал вината и изјавил дека се кае за стореното дело. Чувствувал огромен товар и се наоѓал во состојба на тешко психичко растројство, затоа што со сообраќајката си ги уништил сите животни планови.

Јавното обвинителство го товари Блажевски за тешко дело против безбедноста кое го извршил по консумирање алкохол и наркотични средства, за што и претходно се обидувал да се одвикне.

Бидејќи обвинетиот во целост го признал делото можно е во текот на денот да биде изречена и првостепена пресуда.

Анита Димитријевска