Оглас за закуп на државно земјоделско земјиште
Понудени се вкупно 4.750 хектари во 30 општини, а увид во податоците за секоја површина може да се направи на веб страната на Министерството за земјоделство и во подрачната единица, надлежна за соодветната огласена површина...

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објави јавен оглас за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини до 3 хектари.
Понудени се вкупно 4.750 хектари во 30 општини, а увид во податоците за секоја површина може да се направи на веб страната на Министерството за земјоделство и во подрачната единица, надлежна за соодветната огласена површина.
Максималната површина за која може да аплицира еден понудувач е 3 хектари. Закупот е во траење од 15 до 70 години во зависност од активноста и од земјоделската култура која ќе се одгледува, а почетната цена по хектар изнесува од 5 до 25 евра.
Право на учество имаа домашни и странски, правни и физички лица кои немаат склучен договор за закуп за државно земјиште со Министерството за земјоделство.
