Тенис

Дел Потро надвор од игра

16.01.2014 15:59

Пеколните жештини во Мелбурн си го направија своето на австралискиот тениски грент слем.

Елиминиран е 5-тиот носител Дел Потро од 64-то рангираниот на АТП ранкингот шпамецот Баутиста кој во своето трето учество го бележи и најдобриот свој пласма. Што е право Аргентинецот иако котира високо на турниров, 1/4 финалето е најголемиот досегаше негов дострел.

44-те степепени целзиусови го активираа правилникот на годинешниов прв грент слем, кој вели, на температури над 40-ка се прекинуваа мечевите најмалку час, а се играат само оние во Род Левер и Хисенс Арените бидејќи само на тие два терени се затвора покривната конструкција.

Па така, на Род Левер Арената Шарапова третиот рекет во Мелбурн и 44-то рангираната на ВТА скалата италијанката Кнап, ја понудија најатрактивната претстава во 4-тиот ден. Супер старт имаше русинката 6:3, безмалку со иста мерка врати Италијанката за 6:4, за третиот решавачки се претвори во маратон кој траеше 115 минути за конечни 10:8, за преселба на трибините на Кнап.

Мисијата по трет со ред трофеј во Мелбурн, Азаренка ја продолжува со пласманот во трет круг. А до следна фаза по трите диаметрално спротивни сета оди и Вознјацки. Прогрес забележаа и 5-тата носителка Радванска преку два сета, како и 8-та Јанкович.

Бројот еден доминантно го нагласи Надал во дуелот со домашниот тенисер Кокинакис. Потврда на квалитетот демострираше и Енди Мареј. Некогашниот 5 кратен владетел и последниве три години 1/2 финалист Федерер, кој го носи бројот 6 меѓу фаворитите со 3:0 го визира понатамошниот Мелбурнски престој. Носителската улога ја оправда и 10-тиот Цонга.