Јолевски и Бејли во Криволак на билатералната воена вежба „Операција Фаланга- Македонија“

31.08.2015 14:58

Беа прикажани работа на контролна точка, справување со толпа, борба во урбана средина, патролирање, како и основно и напредно гаѓање со автоматска пушка М4...

Министерот за одбрана Јолевски и американскиот амбасадор Бејли на армискиот полигон Криволак присуствуваа на тактичко-показната вежба на која учествуваат припадници на воената полиција на АРМ и на Американската војска.

Беа прикажани работа на контролна точка, справување со толпа, борба во урбана средина, патролирање, како и основно и напредно гаѓање со автоматска пушка М4 која е дел од вооружување на Американската армија.

Ова беше добра можност за презентирање на нивото на оперативната способност на Декларираната чета на воената полиција, чие оценување НАТО, ниво 2 ќе се спроведе во наредниот период.