Судири меѓу демонстрантите и полицијата пред украинскиот парламент
Пратениците по жестока дебата ги поддржаа реформите за поголема автономија на спорните региони...

Судири избувнаа меѓу демонстрантите и полицијата пред украинскиот парламент. Пратениците по жестока дебата ги поддржаа реформите за поголема автономија на спорните региони. Толпата се обиде да ја пробие заштитната ограда, на што полицијата возврати со солзавец.
„Законот значи отворена граница со Русија и целосна обнова на инфраструктурата во Донбас што беше уништена од нив и од Путин, како и забрзан развој на регионот. Сега сите пари што ги има Украина ќе бидат потрошени таму“, изјави Иван Кириченко, демонстрант.
На истокот на Украина е во сила кревко примирје, повремено прекинувано од двете страни. Минатата недела војската и бунтовниците се согласија да ја прекинат ескалацијата утре, на првиот училишен ден.
