Државна матура ќе се полага по стар модел, законски измени од 2016-та

31.08.2015 15:45

Средношколците и годинава ќе полагаат државна матура според стариот модел најави премиерот Никола Груевски од Дојран...

За септември 2016-та одложени се измените на Законот за високо образование, а средношколците и годинава ќе полагаат државна матура според стариот модел најави премиерот Никола Груевски од Дојран.

Во меѓувреме ќе направиме сѐ, рече тој, во Законот за високо образование да бидат вклучени сите засегнати страни сѐ со цел да дојдеме до најдобрите решенија.