Засилена соработка и привлекување инвестиции за напредок на регионот
На Западен Балкан му е потребна забрзана реформа и дополнителни инвестиции за клучните коридори - став на деловната заедница. Коморски инвестициски форум ќе помага во јакнење на соработката за економски напредок на регионот . Приоритет- сообраќајната и енергетска инфраструктура...

Засилена регионалната соработка и привлекување инвестиции- ова се главните приоритети на бизнис заедниците од Западен Балкан. Вниманието на коморскиот инвестициски форум што беше формиран на самитот во Виена ќе биде насочено кон инфраструктурните и енергетските проекти, зголемувањето на странските инвестиции и извозот. За Македонија, од голема важност е целосната функционалност на коридорите 8 и 10.
На Самитот беше потврдено дека за економски и за проекти од енергетиката, Унијата има фонд од 30 милијарди евра за наредните 15 години. Европската комисија е подготвена да обезбеди и износ од една милијарда евра до 2020 година за финансирање на регионалната сообраќајна мрежа со коридори во земјите од Западен Балкан. Проектите ќе отворат нови работни места и ќе донесат надеж во регионот.
Следниот состанок на Коморскиот инвестициски форум ќе се одржи во Будва кон крајот на октомври, пред петтата годишна Конференција за ефикасноста на процесот за пристапување кон ЕУ и подобрување на регионалната конкурентност.
Сунчица Николовска
