Почнува учебната година за основците и средношколците
Околу 20 илјади првачиња, првпат ќе седнат во училишните клупи. Од вкупниот број ученици во земјата, околу 190.000 се основци и околу 85.000 средношколци...

Денеска почнува новата учебната година. 275 илјади основци и средношколци ќе го продолжат образованието во 105 средни и 337 основни училишта во земјава. Околу 20 илјади првачиња, првпат ќе седнат во училишните клупи. Од вкупниот број ученици во земјата, околу 190.000 се основци и околу 85.000 средношколци.
Средношколците, и оваа година ќе полагаат државна матура според стариот модел. За септември идната година, се одложени измените во Законот за високо образование.
Во меѓувреме ќе направиме сѐ што е во наша моќ, за да бидат вклучени сите засегнати страни, на коишто се однесува законот, и во заеднички консултации да се дојде до најдобрите можни решенија, изјави премиерот Груевски при посетата на Дојран.
Од образование сметаат дека со одложувањето на примената на новините, се остава доволно простор за дијалог, кој би резултирал со најдобри решенија за сите.
