Кина: Експлозија во фабрика за хемиски производи, еден загинат

01.09.2015 10:07

Нема информации за причините за инцидентот, но познато е дека се уапсени надлежните лица во компанијата...

Најмалку едно лице загина во експлозија што доцна синоќа се случи во фабрика за хемиски производи во провинцијата Шандонг, на истокот од Кина. Според извештаите, по експлозијата избил пожар кој бил ставен под контрола по скоро 10 часа.

Нема информации за причините за инцидентот, но познато е дека се уапсени надлежните лица во компанијата.

На 12 август во градот Тјенцин во магацин за хемиски средства се случија неколку експлозии во кои според последните информации животот го загубија најмалку 150 луѓе, а повеќе од 360 беа повредени.