Oбјавен јавен повик за давање под концесија на дивечот во ловиштата
01.09.2015 10:19
Огласени се 5 ловни реони и тоа во Дебар, Делчево, Кочани, Скопје и Струга...

Концесиите на дивечот се доделуват од 10 до 20 години. Право на учество на јавниот повик имаат домашни и странски правни лица.
Изборот за најповолна понуда ќе се изврши електронски, а почетната цена ќе биде највисокиот понуден износ по јавното отворање на понудите.
Рокот за поднесување на понуди е најдоцна до 14 септември 2015 година.
За најповолен понудувач се смета учесникот со највисоката цена дадена за концесијата за дивечот во ловиштето.
Методија Трајков
