Караванот „Купи куќа, купи стан“ утре во Штип
На презентацијата ќе учествуваат и градежни фирми од Штип кои имаат понуда на станови, како и претставници од банките...

Караванот „Купи куќа, купи стан“ оваа среда е во Штип. Сите заинтересирани за проектот можат да дојдат на презентацијата која ќе ја одржи Министерството за финансии во зградата на Општината во 17:30 часот, соопштуваат од министерството.
На презентацијата ќе учествуваат и градежни фирми од Штип кои имаат понуда на станови, како и претставници од банките.
Караванот „Купи куќа, купи стан” има цел да го приближи проектот до сите заинтересирани граѓани низ Македонија.
Екипата составена од претставници од Министерството за финансии, банките и локалните градежни компании секоја наредна среда ќе посетува различни градови, како Охрид, Прилеп, Струмица, Велес, Куманово и Тетово.
