Двајца застрелани мажи пронајдени во автомобил кај Долно Количани

01.09.2015 12:39

Трагедија во Количани. Во возило со охридски регистерски ознаки се најдени две жртви. Првичните индиции говорат за убиство и самоубиство...

Две безживотни тела со прострелни рани во главата синоќа се пронајдени во автомобил во близина на патот кој води од Драчево до селото Долно Количани. Телата на двајцата мажи биле во автомобил од марката Ровер со охридски регистерски ознаки.

„На едно од лицата е утврден идентитетот, станува збор за 28 годишен кичевчанец кој истиот ден бил пријавен за исчезнат“, соопшти Лиза Бендевска, портпарол на СВР Скопје. 

Првичната истрага не ја исклучува можноста да станува збор за убиство и самоубиство. Бидејќи се уште не е идентификувана втората жртва, тешко е да се расветлат мотивите во овој момент, велат извори на истрагата.

Телата се пронајдени синоќа околу 19 часот и се предадени за вештачење во институтот за судска медицина.

 

Анита Димитријевска