Попоски ќе учествува на 10-от Бледски стратегиски форум

01.09.2015 10:35

Министерот Попоски ќе учествува на панел дискусијата „Западен Балкан: Регионот во центарот на геостратешки размислувања”...

Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, ќе учествува на 10-тиот Бледски стратегиски  форум, што се одржува во Блед. Воведни обраќања ќе имаат претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, претседателите на Словенија и на Хрватска, претставникот на Генералниот секретар на ОН, Кристијан Фрис Бах, како и премиерите на Луксембург и на Србија, и генералниот секретар на ОБСЕ, Ламберто Заниери.

Министерот Попоски ќе учествува на панел дискусијата „Западен Балкан: Регионот во центарот на геостратешки размислувања”, во рамките на кој ќе се обратат и шефовите на дипломатиите на шест балкански земји.

На маргините на форумот, се предвидени и серија билатерални средби на министерот Попоски.