17 жртви во пожар во затвор во Венецуела
01.09.2015 11:30
Пожарот избил во текот на ноќта во затворот Токухито, во сојузната држава Каробобо, а меѓу загинатите се 9 мажи и 8 жени...

17 луѓе загинаа, а 11-мина се повредени во пожар во затвор на север во Венецуела. Пожарот избил во текот на ноќта во затворот Токухито, во сојузната држава Каробобо, а меѓу загинатите се 9 мажи и 8 жени.
Причините за пожарот нема да бидат познати се до крајот на истрагата која е во тек.
