САД во Летонија распоредуваат беспилотни разузнавачки авиони
Покрај авионите во балтичката република се испратени и 70 американски војници од националната гарда на САД, кои ќе ги обучуваат летониските војници...

САД во Летонија привремено распоредија беспилотни разузнавачки авиони во согласност со иницијативата за зајакнување на безбедноста на сојузниците на НАТО, објавена годинава поради заострување на ситуацијата во Украина.
Покрај авионите во балтичката република се испратени и 70 американски војници од националната гарда на САД, кои ќе ги обучуваат летониските војници.
Во соопштението на Европската команда на САД се наведува дека ова ќе овозможи спроведување операции, кои треба да им покажат на нивните сојузници во Летонија и другите земји од НАТО, како и на партнерите во Европа, дека САД ги исполнува своите ангажмани за гарантирање на регионалната безбедност и стабилност.
