3.650 мигранти пристигнаа со воз во Виена

01.09.2015 13:35

Голем дел од пристигнатите мигранти, ноќта ја минаа на железничка станица, со цел да продолжат за Германија, која минатата недела ги олесни условите за добивање бегалски статус за жители на Сирија...

3.650 мигранти вчера пристигнаа со воз од Будимпешта во Виена, што е рекордна бројка за еден ден. Голем дел од пристигнатите мигранти, ноќта ја минаа на железничка станица, со цел да продолжат за Германија, која минатата недела ги  олесни условите за добивање бегалски статус за жители на Сирија.

Синоќа околу 400 мигранти пристигнаа со воз од Будимпешта во Минхен. Германската канцеларка Меркел, претходно предупреди, дека евентуалниот неуспех да се одговори на мигрантската криза ќе ги стави под прашање идеалите на ЕУ.

Унгарските власти претходно ја затворија меѓународната железничка станица во главниот град Будимпешта поради обидите на мигрантите да се качат на воз за Австрија или Германија.

Изутрината дојде и до судири меѓу дел од мигрантите, кои се обидоа да ги отворат вратите на перонот.