Русија почна воена интервенција против Исламска држава

01.09.2015 14:58

Според зборовите на западните дипломати, руската експедиција веќе пристигнала во Сирија и се сместила во воздушната база под контрола на претседателот Башарт Ал Асад...

Русија почна воена интервенција во сирија со распоредување борбени летала во базата од која ќе почнат напади врз позиции на Исламска држава и на бунтовниците.

Според зборовите на западните дипломати, руската експедиција веќе пристигнала во Сирија и се сместила во воздушната база под контрола на претседателот Башарт Ал Асад.

Официјално, Русија нема офанзивни намери кон Израел и другите држави, а главната цел на разместувањето на леталата е задржување на Асад на власт и борбата против Исламска држава.