Могерини за Балканот: Решавачко подобрување во БиХ и Македонија
Таа во авторски текст за виенскиот дневен весник „Стандард“ напиша дека договорите потпишани на последната рунда дијалог меѓу Белград и Приштина во Брисел, се пресвртница и упатуваат силен сигнал за целиот регион...

Комесарката за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, изјави дека интеграцијата на Југоисточна Европа е од големо значење за Унијата и за Балканот, а за да се случи тоа, националните влади треба да се откажат од ривалитетите и да се концентрираат на заедничката регионална соработка и на натамошно приближување кон ЕУ.
Таа во авторски текст за виенскиот дневен весник „Стандард“ напиша дека договорите потпишани на последната рунда дијалог меѓу Белград и Приштина во Брисел, се пресвртница и упатуваат силен сигнал за целиот регион.
„Земјите од Западен Балкан, кои имаат јасна европска перспектива, се најблиски до Европа, и тоа не само со географската положба, туку и според вредностите и целите“, пишува Могерини.
Таа истакнува дека „решавачко подобрување од почетокот на годината е регистрирано во Босна и Херцеговина, и во Македонија“. А прогресот во дијалогот меѓу Белград и Приштина покажува дека земјите се движат во добра насока.
