Опозицијата се врати во Собранието

01.09.2015 15:13

Додека опозицијата седеше дома и примаше плата од даночните обврзници, ние работевме, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски...

По 15 месеци бојкот, пратениците од СДСМ и коалициските партнери, се вратија во Собранието. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, најави целосно почитување на договорот од Пржино, и активна улога во Законодавниот дом. Прва обврска е изборот на специјалниот јавен обвинител до 15-ти септември.

Додека опозицијата седеше дома и примаше плата од даночните обврзници, ние работевме, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски. Наброја најголем дел од законските проекти, што се донесени во изминатите 12 месеци. Повика на конструктивност и одговорност на опозицијата.

Спикерот Трајко Вељаноски, на координација со координаторите на сите пратенички групи- се договараат деталите за натамошните активности во Собранието.