Објавени номинациите за Оскар 2014

16.01.2014 16:33

86-тото доделување на оскарите, најважната филмска награда,  ќе се одржи на 2 март годинава, една недела подоцна од вообичеаното за да не се поклопи со зимската олимпијада во Русија. Номинациите за оваа престижна статуетка ги објави претседателката на Академијата Шерил Бун Ајзак и ѕвездата од „Тор“ актерот Крис Хемсворт.

86-тото доделување на оскарите, најважната филмска награда,  ќе се одржи на 2 март годинава, една недела подоцна од вообичеаното за да не се поклопи со зимската олимпијада во Русија. Номинациите за оваа престижна статуетка ги објави претседателката на Академијата Шерил Бун Ајзак и ѕвездата од „Тор“ актерот Крис Хемсворт. Најмногу номинации имаат филмовите „Американски метеж“  и „Гравитација“, секој со по 10 , вклучувајќи ја и категоријата најдобар филм во којашто ќе се натпреваруваат  „Капетан Филипс“, „Добрите дилери од Далас“, „Таа“, „Филомена“, „Небраска“, „Волкот од Волстрит“ и „12 години ропство“, којшто се котира високо на листата со 9 номинаци. Кристијан  Бејл е меѓу кандидатите за оскар за најдобра машка улога, заедно со Брус Дерн во „Небраска“, Леонардо Ди Каприо за улогата во „Волкот од Волстрит“ , Чувител Еџифор за „12 години ропство“ и Метју Меконахи за „Добрите дилери од Далас“.

За најдобра женска улога се номинирани Сандра Булок за вселенскиот трилер „Гравитација“, Кејт Бланшет за „Синиот јасмин“, Ејми Адамс за „Американски метеж“, Џуди Денч за „Филомена“ и Мерил Стрип за „Август: Областа Осејџ“.

Наградата за најдобар режисер ќе му припадне на некој од петтемина номинирани меѓу кои се најдоа Алфонсо Куарон за „Гравитација“, Мартин Скорцезе за „Волкот од Волстрит“, Стив Меквин – „12 години ропство“, Александар Пејн –„ Небраска“ и Дејвид О. Расел за „Американски метеж“.

Домаќин на годинашната церемонија ќе биде комичарката Елен Деџенерис, а темата ќе биде „херои“. Останува да се види какви изненадувања ќе подготви Академијата за 2 март.

Марина Автовска