130 милиони денари за реконструкција на болницата во Битола

01.09.2015 15:53

Со 130 милиони денари ќе се изврши темелна реконструкција на Клиничката болница во Битола. Работите ќе завршат за една година кога објектот ќе ги даде економските, еколошките и енергетските придобивки. Паралелно ќе се извршува и доедукација на лекарскиот кадар...

Доколку нема застој со тендерската документација за околу еден месец ќе започне најобемната реконструкција на битолската Клиничка болница по близу половина век од нејзиното постоење. Со инвестицијата од 130 милиони денари поделена во две фази, ќе со добие енергетски ефикасен објект. Адаптација на стационарот, комплетно реновирани операциони сали и двокреветни соби за болните како и други пропратни содржини без кои неможе да се замисли современото здравство. Пациентите едногласни, оваа регионална Клиничка болница заслужува ваква инвестиција.

„Ја поздравувам оваа инвестиција, потопло ќе биде за нас пациентите сега во некои оделенија се чувствува немањето на добра изолација“, вели посетителка во болницата од Битола.

„Јас сум од Ресен, со моите сограѓани често ги користиме услугите оваа болница, време е да се реконструира ќе добиваме подобри услуги“, вели посетител од Ресен.

„Забот на времето го направи своето. Со почит ја примив ваквата вест затоа што е интерс за сите нас“, вели посетителка од Битола.

Со ова капитална инвестиција ќе се почувствува енергетскиот, еколошкиот и економскиот бенифит, смета раководството на оваа медицинска установа.

„Пресметките кажуваат дека ќе се заштеди и до 35 проценти од досегашните трошоци за греење, средства што ке можеме да ги пренамениме во дополнително модернизирње на установата“, вели директорот д-р Василе Најдовски.

Ова е круна на инвестицискиот циклус започнат пред неколку години кога болницата доби софистицирана опрема во вредност од шест милиони евра.

Во следниот период се очекува набавка уште на неколку апарати. Императив останува доедукацијата на медицинскиот кадар што ќе резултира со добивање на нови супспецијалисти и отварање на нови одделенија.

Досега правото на дообука го искористиле окулу стотина медицински лица. Доедукацијата со иста динамика ќе продолжи и во следниот период.

Кадар кој заедно со оној на кој неодамна им беше трансформиран волонтерскиот статус, ќе биде основата по која оваа клиника ќе отвори нова страница од октомври идната година за кога се најавува да финишира овој капитален зафат.

 

Стевче Митревски