Книги од 12 македонски класици достапни на „Македоника“
Електронското издаваштво е многу важно бидејќи придонесува за подигнување на образованието на целокупната читателска публика...

Дванаесет книги од значајни македонски автори од денска се достапни на интеренет страницата на „Македоника“, една од најголемите дигитални библиотеки во регионот и едиснтевна која е достапна бесплатно. Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска, по посетата на библиотеката по тој повод изјави дека станува збор за проект од Програмата за поддршка на електронското издаваштво како своевиден тренд во светското издаваштво.
Посебно радува фактот што електронското издаваштво, дигиталната публикација на книги, публикации, списанија и др. е еден светски тренд кој што во РМ навистина застанува на здрави нозе. Министерството за култура континуирано во рамките ан конкурсот и на годишната програма гледа да даде поддршка на електронското издаваштво. Оваа година околу три милиони денари беа издвоени за таа намена, а тука влегува и поддршката за фондацијата „Македоника“ каде што имаме можност преку нашата поддршка 12 истакнати автори да се најдат во оваа дигиална библикотека. Тука се Славко Јаневски, Ѓорги Абаџиев, Живко Чинго, и многу други, рече Канческа - Милевска.
Таа потенцира дека електронското издаваштво е многу важно бидејќи придонесува за подигнување на образованието на целокупната читателска публика, а електронската библиотека на Македоника многу ја користи и дијаспората.
