Половина милион евра за инфраструктурата во Лозово

01.09.2015 16:30

Реконструкција на патишта , изградба на канализациона мрежа. Ќе се подобруваат условите за живот и економскиот развој на општината...

Со инвестиција од околу милион и 200.000 евра општина Лозово планира и реализира проекти од круцијално значење за општината и граѓаните. Со повеќе од 15 проекти ќе се подобри квалитетот на живот на граѓаните, од кои 8 веќе се имплементираат. Меѓу нив значајна е реконструкцијата на патот од Лозово до село Милино.

За иведба на проектите предвидени за оваа година ќе се вложат 500.000 евра потенцираше Орце Цветковски, gрадоначалник на Општина Лозово. Тука се вбројува и изградбата на канализација во Милино со колектор во должина од 4 километри од Лозово до Милино.

Со овој и планираниот проект за изградба на канализација и колектор во село Аџиматово, околу 85 % од територијата на општина Лозово ќе се покрие со канализациска мрежа.

 

Дијана Иванова